ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Р. (27) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.
Како што информираат од МВР, при претрес во домот на пријавениот, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 174 парчиња муниција со различен калибар, која, според пријавата, ја поседувал нелегално.
При претресот биле пронајдени и две пакувања со марихуана, кои исто така биле одземени.
Против лицето ќе следува соодветна постапка пред надлежните институции.
