Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионален пат во близина на влез во с.Бучиште, пробиштипско, патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(20) од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Р.(42) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.