Ова е добра вест за дамите, но има една работа што не оди во прилог на „понежниот пол“. Се покажа дека жените стареат побрзо од мажите. Според истражувањата, има неколку причини за тоа.

– Хормоналната разлика е она што објаснува сè – вели д-р Џудит Моринг.

Флуктуациите на хормоните се поврзани со депресија. Покрај тоа, сезонското афективно нарушување повеќе ги погодува жените отколку мажите, а постојаниот стрес неизбежно води до порано стареење.

Жените кои родиле побрзо стареат

Студија на САД спроведена на универзитетот Џорџ Мејсон докажа дека жените изгледаат 11 години постари поради бременост. Жените кои родиле имаат пократки теломери (ситни парчиња генетски материјал што се наоѓаат на краевите на хромозомите) од оние што не родиле.

Колку се пократки теломерите, толку постаро изгледате. Покрај тоа, стресот за време на бременоста не е невообичаен, што исто така го забрзува процесот на стареење.

Кожата на жената е потенка од машката

Според дерматолозите, кожата кај мажите е 25% подебела од кожата кај жените. Процентот може да варира од човек до човек, но општите податоци остануваат. Сепак, иако мажите имаат помалку брчки, оние што ги имаат се подлабоки од женските.

Високото ниво на тестостерон го забавува стареењето. Иако естрогенот служи и како хормон против стареење, неговото производство опаѓа побрзо од производството на тестостерон.

Губењето на хормоните за време на менопаузата го забрзува процесот на стареење. Кога жените поминуваат низ менопауза, нивните тела престануваат да произведуваат исти количини на колаген како порано. Тоа предизвикува губење на еластичноста на кожата, пишува Bright Side.