Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен и изнесува -2 892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140,8 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 769 бракови. Во ова тримесечје се добиени 501 извештај за разведените бракови.