Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2022 година, во споредба со јануари 2022 година, е зголемен за 0,1 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1 процент, Алкохолни пијалаци за 0,2 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4,2 процента.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2022 година во однос на истиот период минатата година е зголемен за 4,2, а во однос на декември 2021 година е зголемен за 2,4 проценти.