Зголемена фреквенција на граничните премини – чекање до 40 минути
Авто мото сојузот на Македонија информира дека поради засилен сообраќај, времето на чекање на неколку гранични премини е зголемено. На преминот Ќафасан се чека околу 40 минути, додека на Табановце и Богородица чекањето е приближно 30 минути. На преминот Блаце времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна не се евидентирани подолги задржувања за влез и излез од државата.
Изменет сообраќаен режим на Коридорот 10д
Од денес, 5 август, па сè до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи привремено изменет режим на сообраќај. Причина за измената е реализацијата на проектот за изградба на нова патна делница. Сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочуван и регулиран со соодветна сигнализација.
АМСМ со апел за внимателно возење
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината и да ја почитуваат поставената сигнализација, особено на делниците кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Најкритични патни правци се: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Зголемен е интензитетот на сообраќај на патиштата надвор од урбаните средини.