Гужви на граничните премини
Утринава на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од земјава изнесува околу 30 минути. На граничниот премин Богородица, за излез од државата, возачите чекаат од 40 минути до еден час, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Зголемена фреквенција на патиштата
Патиштата низ државата бележат зголемена фреквенција на возила, пред се поради продолжениот викенд и летните одмори. Возачите се советуваат на внимателно и трпеливо возење, како и следење на информациите за состојбата на патиштата и граничните премини.