-Прво претседател на Република Северна Македонија е Стево Пендаровски, претседател на Бугарија е Румен Радев. Прашањата за уредувањето во нашата држава во однос на управувањето, како врвна политичка фигура, народот го избрал Стево Пендаровски. Претседтелот Радев е претседател на Бугарија, затоа кога ќе имате прашања за претседателот Радев, можете да ги поставите на бугарски политичар, а кога ќе имате прашање за претседателот Пендаровски, можете да ми ги поставите на мене. Да ги разграничиме тие две работи, изјави Ковачевски.

 

Ковачевски на еден начин го оправдува фактот дека Бугарија целосно го негира македонското малцинство кај нив, иако факт е дека Македонци има и од другата страна на источната граница. Според премиерот имало и таму Македоинци, но уставното уредување на таа држава не дозволувала признавање на малцинството, поради што и не можел да бара такво нешто.

 

-Има граѓани во Бугарија кои што се самоопределуваат како Македонци и на нив им припаѓаат правата кои што согласно нивното уставно уредување, согласно европските норми и правила, на европските институции, на Советот на Европа, на Судот за човекови права. Треба да им биде овозможено да ги остварат, исто како што на секој граѓанин што се самоопределува на по друг начин од Македонците во нашата држава им припаѓа правото согласно нашиот Устав и согласно нашите законски определби да своите права може да ги оствари, изјави Ковачевски.

 

Ковачевски вели се грижел за Македонците во Бугарија, иако и тие и оние од Грција и други држави, велат дека немаат никаква грижа од власта.

 

-Апсолутно ние секогаш сме реагирале во однос на сите граѓани кои што во било која друга држава се самоопределуваат како Македонци. Македонци има во скоро сите држави во светот, како што има Македонци во САД, во Германија, во Швајцарија, така има Македонци и во Бугарија и во Грција, луѓе кои што се самоопределуваат како Македонци и на нив им следуваат сите права кои што им следуваат на сите граѓани, изјави Ковачевски.

 

За проблемите на македонското малцинство во Бугарија цело време говорат и самите Македонци од Бугарија, порачувајќи дека македонските власти воопшто не водат грижа за нив. Откажување од нашето малцинство кај источниот сосед е и еден од условите за напредок на Македонија на европскиот пат, односно нешто од што мораме да се откажеме со цел избегнување на евентуална нова бугарска блокада.