Три години затвор доби 23-годишниот Јордан Горгиев кој на 20-ти јануари оваа година во сообраќајна незгода кај Сити мол ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.

Згрозени од оваа пресуда се родителите на двете семејства и на Викторија и на момчето на Викторија, Леонид Даов.

Додека мајката на загинатата девојка се гушеше во плач, таткото рече дека никој нема доверба во ова судство.

„Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба има. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, рече таткото на покојната Викторија.