Зинедин Зидан официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Франција, потврди Француската фудбалска федерација.
Легендарниот француски фудбалер ќе ја преземе селекцијата со која како играч остави длабока трага и испиша дел од најголемите успеси во историјата на националниот тим.
Зидан на селекторската позиција доаѓа на местото на Дидие Дешамп, кој ја предводеше Франција во изминатите 14 години. Под негово водство, „триколорите“ ја освоија светската титула на Мундијалот во 2018 година, а три години подоцна стигнаа и до трофејот во Лигата на нации.
Популарниот „Зизу“ беше без тренерски ангажман од 2021 година, кога по вторпат го напушти Реал Мадрид.
Со шпанскиот гигант Зидан оствари големи успеси, освојувајќи бројни трофеи, меѓу кои и три последователни титули во Лигата на шампионите.
