Додека ДУИ и Беса тврдат дека немаат ништо против Алтернатива да стане дел од власта по изборите, од партијата на Села велат дека, заедно со Гаши, подготвуваат промена на распоредот на сили во парламентот и истовремено му нудат поддршка на Касами во Тетово.
За средбата информираа од Алијанса за Албанците, посочувајќи дека се воделе разговори за текот на изборниот процес и за понатамошните чекори и дека е потврдена меѓусебната поддршка за вториот изборен круг во општините во кои имало договор за соработка во првиот круг.

-Ве известуваме дека коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работиме заедно за да создадеме ново парламентарно мнозинство во многу краток период. И покрај манипулациите, притисоците, купувањето гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата, ниту на локално ниту на централно ниво“, се наведува во соопштението на Алијанса.