Скопје и Охрид со повеќе директни дестинации

Со започнувањето на зимската сезона за 2025/26 година овој викенд, македонските аеродроми ќе понудат значително зголемување на летовите и директните дестинации. Од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се реализираат летови до 49 редовни дестинации со 17 авиокомпании, како и 13 чартер линии со една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се предвидени пет дестинации со три авиокомпании, информираат од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми.

Десет нови дестинации за зимската сезона

Зимската сезона, која ќе трае до крајот на март 2026 година, носи десет нови линии. Девет од нив ќе ги оперира авиокомпанијата Виз Ер со поддршка од Владата. На 27 октомври започнуваат летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, како и од Охрид до Базел. На 28 октомври Скопје добива прва директна линија до Мадрид, а истовремено се враќа линијата до Ларнака.

Од 15 декември Скопје ќе се поврзе првпат со Прага, а истовремено се враќа и линијата до Келн. Од 30 март 2026 година се планира отворање на нови три линии: Скопје – Будимпешта, Скопје – Неапол и Охрид – Милано. EasyJet ја враќа линијата Скопје – Женева на 3 ноември 2025 година.

Преглед на новите зимски дестинации:

Скопје – Бари и Скопје – Стокхолм (од 27 октомври)

Охрид – Базел (од 27 октомври)

Скопје – Мадрид и Скопје – Ларнака (од 28 октомври)

Скопје – Прага и Скопје – Келн (од 15 декември)

Скопје – Будимпешта и Скопје – Неапол (од 30 март 2026)

Охрид – Милано (од 30 март 2026)

Скопје – Женева (од 3 ноември, EasyJet)