Шеесет и двегодишен жител на струшкото село Ливада се сомничи дека е сторител на масовното убиство на бездомни кучиња во Струга.
Со огнено оружје вчера беа усмртени повеќе од 10 кучиња. Од Анима мунди велат дека неодговорните сопственици кои ги оставаат кучињата на улица треба да бидат казнети со строги глоби.
Само на територијата на Скопје има околу 3000 кучиња.