Стоилковски тоа го потврди со извадок од важечки ДУП за парцелата каде што Шилегов гради дивоградба, каде се дефинирани висината и највисоката кота од 8.8 метри на зградата и кои не се легални. Тоа е во висина на соседните куќи.
Инаку, според ДУП-от наведено е приземје еден кат и поткровје, односно П+1+Пк. За поткровје се смета страничен ѕид не повисок од 1.2 метри, исто како кај соседните куќи.
Стоилковски посочи дека надлежна институција за издавање на дозвола за градба, доградба, реконструкција е општината Карпош и секторот за урбанизам, односно актуелниот градоначалник кој, како што рече, е градоначалник во заминување, Стефан Богоев, и укажа дека ниту еден урбанист и градоначалник не би смеел да издаде ваква дозвола за градба.
Инаку, земјиштето, дворот, местото на куќата, се на државно земјиште со право на користење но не е и откупено, за да може да се издаде градежна дозвола за вакво доградување.
Според Стоилковски, Шилегов тоа го знае но си молчи, што потврдува дека како градоначалник на Скопје всушност е дел од урбаниот хаос, насилствоо и бесправната бетонизација.