Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата, реагираат од владејачката СДСМ во утринското соопштение.
Од партијата велат дека ова граѓаните го гледаат секој ден и дека ВМРО-ДПМНЕ немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат.
-Северна Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, стои во соопштението.
Од СДСМ потенцираат, наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé РепубликаМакедонија да не успее.
-Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција, велат од СДСМ.