Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Советот на Град Скопје имаме сознанија по допрен глас дека грубо се кршат мерките коишто треба да се спроведат од страна на Градот за работење во услови на пандемија, истакна Јелена Жугиќ, советничка во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Би тргнала прво дека одамна е занемарена мерката за онаа основна мерка којашто беше меѓу првите воведена, а тоа е мерење температура на секој вработен при влез на работното место. Потоа имаме сознанија дека во секој сектор во администрацијата на Град Скопје има голем број на заболени по 5-6 минимум во секој сектор коишто се во самоизолација, меѓутоа сите раководители на секторите ги кријат тие информации. Затоа што знаете дека едно исто од основните мерки за заштита на ширење на пандемијата е кога е некој заболен, оние коишто имале контакт со заболениот мора да заминат во двенеделна изолација дома. Значи, самите раководители на сектори кријат дека имаат заболени во своите сектори. Ја користам оваа можност да го повикам Инспекторатот за труд да постапи по овие наши сознанија и да ја заштити администрацијата на Град Скопје, чиишто права за работење во услови на пандемија брутално и секојдневно се кршат, обвини Жугиќ.