Во овој клучен период Владата се насочи кон привлекување нови странски инвестиции во износ од 600 милиони евра, а со тоа и нови вработувања и подобар животен стандард.

Клучни области – здравство и образование

Оттука во областа на здравството е овозможено проширување на позитивната листа на лекови за да не мора граѓаните да патуваат во други држави да ги обезбедат истите. Фондот за здравство после долг период стартуваше со расчистување од долгови, а специјализантите конечно ќе имаат можност да се вработат во јавните здравствените установи.

(ВИДЕО) Проекти, мерки, одлуки: Мицкоски даде отчет – што сработи Владата во првите 100 дена?

Напредокот во образованието најмногу се согледува со добивањето на бесплатни учебници во сите училишта, а сето тоа за подобра настава. Ветено е зголемување на платите во образованието наредната година, потег кој што беше долгоочекуван изминативе 7 години, после енормното понижување и манипулирање со наставниците и сите вработени во образованието. Конечно просветните работници ќе имаат повисоки плати.

Никој нема да биде заборавен

На агендата на владата никој нема да биде заборавен.

„Не ги забораваме ни земјоделците, ниту работниците, ниту наставниците и професорите, ниту лекарите. Обезбедивме за првпат бесплатни учебници за сите на време после долго време. За пасоши и лични документи нема редици, покачивме пензии, исплативме долгови и заостанати плати. Секој ден се обидуваме да покажеме дека делуваме, дека сме присутни со активности, но и да донесеме по некоја нова мерка и се обидуваме да се подобриме, да покажеме дека може поинаку и може подобро“, рече Мицкоски на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада.

Владата работи генерално на зголемување на стандардот на граѓаните и подобрување на услови за живот.

„Успеавме со мерките коишто ги воведовме инфлацијата да ја спуштиме на ниво за 2,2% најниска во регионот и најниска во Европа, Државниот завод за статистика во месец јули излезе со податоци дека не само што растат платите туку дека растат споредбено со минатите години но тогаш инфлацијата беше 25%“, изјави премиерот Мицкоски.