Комичарите Кевин Харт и Крис Рок ја најавија својата заедничка „стенд-ап“ турнеја во САД, под наслов „Only Headliners Allowed“. Настапите се закажани за во Њујорк и Њу Џерси, од 21 до 25 јули.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба в петок, 11 март.

„Крис секогаш ми беше ментор и, уште поважно, тој е мој брат и другар во оваа комедија. Едвај чекам да ја напишам историјата со него и да ги уништам овие пазари!!!! Закопчајте ги коланитее, ‘дечки’… Полетуваме!“, напиша Харт на Инстаграм, а Рок додаде – „Следуваат уште датуми“.

Харт минатиот месец ја потврди и својата солотурнеја со 30 датуми која ќе трае од јули до октомври.