Од нив, 60 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 11 со дури над 70 километри на час над дозволеното. 69 санкции се изречени на територија на Гостивар, а 59 на територија на Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.