Први сто денови на владата
Генералниот секретар на Владата се осврна на што и како направила владата во првите сто дена, но најави дека се соочиле и со многу непредвидени проблеми.
Да не заборавиме дека во овие сто дена дека половина од времето се посвети на пожарите и огнената стихија која ја зафати државата. Таканаречениот „најмрзеливиот дел од годината“ го поминавме со пожарите. Имаме наследен хаос во сите сегменти, не е на пример само здравството. Треба на се наеднаш да се стави фокус. Во право сте, во позитивната листа на лекови се стави 87 нови лекови од кои девет се генерички лекови, вели Игор Јанушев за нашето радио.
Игор Јанушев соопшти како владата ги поминала првите сто дена.
Следува инвестициски бум
Тој соопшти дека владата става фокус на инвестициите, а најави дека голем капитал влегува во нашата држава.
Во однос на инвестициите кои ги спонавме четирите инвестиции се огромни, а едната од нив двои. Тоа е инвестиција од половина милијарда долари коишто ќе продуцираат со голема бројка вработени во штипскиот регион. Исто тука е Епсотек инвестиција околу 20 милиони евра која ќе донесе повеќе од 100 вработувања, тука е Вебтек која е инвестиција од 35 милиони евра и да не ја заборавиме ПМЗ груп која планира да вложи 65 милиони евра во трудопобарувачката индустрија која е некаде од 700 нови вработувања. Голем капитал влегува во државата, а тоа е солидна бројка од 1500 нови вработувања кои ќе ги имаме во првата една година, потенцира Игор Јанушев.
Претходната влада не се грижела
Да не ги заборавиме и останатите работи со кои се соочивме, не дека биле нерешливи туку не се грижеле: Исплата на заостанати плати на 3000 вработени во Национални шуми, значи станува збор за една милијарда денари и дополнителни две милијарди денари во Фондот за здравствено осигурување, заклучува Игор Јанушев.