Направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г, и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г и 50г), по 2 починати лица од Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Направени се 1.179 тестови преку: ИЈЗ-49, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-48, Биотек-77, Систина-65, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-176, ВФВ Медикал-15, Ели Медика-16, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб – 0, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 656.

Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.