На 17.12.2021 во 13.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, патничко возило „сузуки“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(18). од Охрид, изгубило контрола и удрило во столб. Во несреќата со тешки телесни повреди здобила сопатничката Т.Н.(18), додека возачот и друг сопатник О.С.(18) од Охрид се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.