18 јагленосани тела се пронајдени во шума во селото Дадија во Еврос, Грција.

Шумата гори од вчера, а како што јави „Прототема.гр“, пронајдени се најмалку 18 јагленосани тела на мигранти.

Според информациите, телата на жртвите се пронајдени во две групи, а истрагата е во тек. Според претставникот на противпожарната служба, Ѓанис Артопиорос, „се истражува можноста тие да влегле илегално во земјата“.

Пожарот во шумата Дадија избувнал вчера напладне, а противпожарната единица се обидела да го изгаси пред да се прошири.

Регионалниот заменик-гувернер изјави дека се работи за пожар, кој од засега непозната причина се случил на оддалеченост од другите пожари, кои се во тек на локацијата Гибрен.