Припадници на српската полиција го уапсија У. Б. (2002) поради постоење основи на сомнение дека убил осум лица, а ранил 14 лица, информираат од српското Министерство за внатрешни работи.

Тој е осомничен дека синоќа во селото Мало Орашје кај Смедерево, а потоа и во селото Дубона кај Младеновац со огнено оружје уби пет лица, а рани шестмина, при што уби уште три лица, а рани осуммина.

-Потоа, како што се сомневањата, запрел таксист и го принудил да го однесе во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што полицијата го уапсила. Полицијата при претрес на викендицата што ја користел осомничениот во Шевшин, пронашла карабин со оптика, пиштол, сигнален пиштол, два пригушувачи, ловечки нож и друго оружје, 164 куршуми различен калибар, 13 ловечки патрони, 12 патрони, 4 сигнални куршуми и 25 парчиња муниција за карабин.

Исто така, при претрес на куќата и помошниот објект во населба Вињиште, полицијата пронашла четири рачни бомби, неколку кутии пиштолска муниција, неколку парчиња пушка муниција, рамка за пиштол, две рамки најверојатно за автоматска пушка, носач за оптика, како и автоматска пушка без фабрички број, информираат од МВР на Србија.

Во потрагата учествуваа повеќе од 600 полицајци, припадници на Управата за криминалистичка полиција, Специјална антитерористичка единица, Жандармерија, Полициска бригада, Единица за обезбедување, Сообраќајна полиција, Служба за специјални истражни методи, Единица за интервенција 92, Единица хеликоптер, Сектор за аналитика, телекомуникации и информации технологија, како и регионалните полициски администрации во Белград, Смедерево и Крагуевац.

Понатамошната работа на полицијата и обвинителството е во тек.