Во тек се консултации со членството за да се одлучи како ќе се настапи за плановите за организирање протест и штрајк. Синдикатот на „Македонска пошта“ искажа загриженост за состојбите во јавното претпријатие.
2.000 вработени оставени на цедило
Околу 2.000 вработени во Македонски пошти се оставени сами на себе за спас на Пошта и зачувување на работните места.
Управниот одбор и Владата не се одзвале на барањето за итна средба по протестот минатиот месец велат од синдикатот. Бараат реорганизација и реформи за зачувување и стабилизација на претпријатието, односно прифаќање на барањата на вработените. Нова систематизација, потпишување на колективен договор и реорганизација во работата, се дел од барањата.
Финансиската состојба е алармантна
Состојбите се крајно сериозни, финансиската состојба е алармантна. Загрижени сме за редовната исплата на платата. Вчера земавме плата, но имаме неисплатена плата на над 200 договорни поштари, додаде Велигденов. Вели. Има работници кои не доаѓаат на работа, има работници кои доаѓаат, а не знаат кои им се работните места, затоа е таа нова систематизација. Во активностите што ги најавуваат нема да учествува другиот репрезентативен синдикат во Националната пошта бидејќи таква одлука донело раководството на тој синдикат по протестот минатиот месец.
Извор: МРТ