Вкупно 20 случаи на голема кашлица се евидентирани на територија на Скопје, информираат од Центарот за јавно здравје. Оттаму велат дека бројот се менува од час во час.
По зголемениот број случаи со голема кашлица, расте и интересот за вакцинирање, а најавено е и двосменско работење и работа во сабота.
Комисијата за заштита од заразни болести претходно донесе препорака за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје.
Здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат и себе си и најмладите, со цел да се заштитат од пертусис. Вакцинацијата е клучна за да се спречи понатамошно ширење на болеста.