На 23.01.2022 во 15.15 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Полициската станица Карпош биле лишени од слобода А.Л.(22) и малолетник од Скопје.
Тие биле затекнати при извршување на кривично дело тешка кражба во обид, а кај нив бил пронајден и одземен предмет поврзан со кривичното дело.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.