Истече рокот за поднесување на приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори. Досега до ДИК стигнале 23 приговори за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите, седум се од политичката партија ТМРО, еден од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, седум приговори поднела коалицијата на СДСМ, пет приговори се од ДУИ, а три приговори се од група избирачи Енвер Пајазити.

ДИК – Ги повикуваме избирачките одбори за кои се однесуваа поднесените приговори – Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Конле, Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Студеничани, Желино и Брвеница да ги достават кончените резултати до комисијата, за да можеме официјално да ги објавиме на нашата страница.

Од ДИК не прецизираа кога ќе бидат разгледани приговорите, но се очекува тоа се случи на некоја од наредните седници на комисијата. На едно гласачко место во Дебар каде имаше прегласување, изборите од вториот изборен круг ќе се одржат на 14 ноември.