Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14 часот. На магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум, на крстосницата кај населбата Рача, излезот од Охрид.

Во несреќата учествувале два возила.  Патнички автомобил „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 76-годишен возач од струшкото село Враништа, и моторцикл, исто така со охридски регистарски ознаки, управуван од 27-годишен младиот Ј.Ц. од Охрид.

Итната медицинска помош која пристигнала на местото на несреќата потврди дека возачот на моторциклот бил мртов.

По несреќата, на местото излегле полициски екипи, кои предводени од јавен обвинител, започнале со увид за утврдување на причините за несреќата.

Тимови од полицијата продолжуваат со истрагата и преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Курир