Дваесет и осумгодишен охриѓанец ја загубиl битката со ковид-19, пренесуваат охридските портали. Според „Охриднет“, кои го објавуваат и идентитетот на младиот човек, тој починал на Инфективната клиника во Скопје каде последните денови бил на распиратор.
Младиот охриѓанец прво бил хоспитализиран во Охрид, а откако му се влошила состојбата бил пренесен во Скопје. Бил дијабетичар и имал проблеми со тироидната жлезда.
Состојбата со Ковид 19 во Охрид и натаму е сериозна. Само вчера беа евидентирани 39 нови случаи, со што бројот на активни случаи во градот се искачи на 876. Во ковид-центарот во Општата болница се лекуваат 109 пациенти во Ковид 19, а според вчерашниоте информации, во Кардиолошкиот завод има 34 ковид позитивни пациенти.