Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 184 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 14 санкции за возење без возачка дозвола, десет мерки за возач почетник.
Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.