Денеска во касарната „Гоце Делчев“ беше одбележана 30-годишнината од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Владо Мисајловски истакна дека Академијата е столб за создавање на идните офицери и подофицери на Армијата и честиташе на новиот декан.
„Честитки до новиот декан, полковник Ненад Танески, му посакувам успешно раководење, исполнето со визија, одговорност и посветеност во создавањето на идните генерации офицери и подофицери.“
Во објавата Мисајловски нагласува дека Академијата прераснала во значајна високообразовна институција во земјата и регионот, а преку образованието на питомци од пријателски земји се граделе мостови на соработка, дијалог и интероперативност меѓу идните воени лидери. Исто така, денеска беше промовирана и монографијата „30 години Воена академија“, која ја документира историјата и достигнувањата на институцијата.