Според гостинката има многу нелогичности изречени од Владата.

– Ние бараме да работиме со истите протоколи како што моментално функционираат останатите угостителски објекти. Доколку работиме по овој протокол по којшто во овој момент функционираат останатите угостителски објекти, се уште стои членот 14 и имаме забрана за организирање прослава. Ќе бидеме принудени да створиме прекршок, вели Синадиновска Арсовска за Радио Лидер.

Таа додава дека веќе една година се без протокол за работа, односно од 15-ти март. Вели дека се загрозени околу 6000 луѓе во оваа дејност и додава дека нивната дејност е комплетно забранета.

– Нашата дејност е комплетно забранета за да може да почнеме со работа. Тоа е иницијативата за излегување на улица. Излеговме во петокот, ќе продолжиме на улиците од средба, па натаму, завршува Синадиновска Арсовска.

Целото гостување на Синадиновска Арсовска може да го погледнете во видеото погоре.