Денеска се планирани повеќе од 400 митинзи против американскиот претседател Доналд Трамп. Со цел да се заштити демократијата во земјата. Организаторите, групата 50501, која се залага за одржување на 50 протести во 50 држави, ги поканија 11 милиони луѓе да учествуваат во оваа иницијатива.

Протестите претставуваат четврта серија на митинзи организирани од оваа група. Таа  се обидува да го претвори незадоволството од Трамп во масовно движење. Оваа група има цел да мобилизира дел од американското население.  11 милиони учесници би биле околу 3,5% од вкупното население на САД. Митинзите ќе се одржат низ целата земја, со акцент на важноста од заштита на демократските вредности и правата на граѓаните.

Американците денеска организираат 1200 протести против Трамп

Според организаторите, со оваа акција тие сакаат да ја поттикнат јавната свест за политичката ситуација и да бараат одговорност од Трамп и неговата администрација. Митинзите ќе се одржат на различни локации, од мали градови до големи урбани центри, како дел од широка иницијатива за промовирање на демократските права.

Протестите се дел од широка опозиција против политиките на Трамп, која доби силна поддршка од различни делови на американската јавност.

Извор: 4news.mk