Педесетгодишен жител на Желино го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во ова тетовско село.
Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По несреќата е почнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави повеќе детали за сообраќајката кога ќе заврши истрагата.