Со положување на цвеќе и пригодна културно уметничка програма им беше оддадена почит на 12- те ваташки младинци.

Со свој говор кон присутните се обрати и градоначалникот Митко Јанчев:

Од 15 до 28 години имаа 12те млади ваташани кои на 16ти јуни далечната 1943та година на исклучително бесчувствителен и ѕверски начин ги изгубија своите животи, токму на ова место каде што сме денес. Ако се навратиме 7 години наназад. Сигурно сите се сеќаваме во каква состојба беше оваа локација. Го реконструиравме споменикот, хортикултурно го уредивме целиот простор, го опремивме со урбана опрема.

 

Денес ова е едно од омилените излетнички места на младите и децата.Изминатата година ги поставивме 12 те бисти на 12те ваташки младинци и ја отворивме спомен собата во нивна чест.Сето ова е најмалку што можеме да направиме за нивната дадена жртва, за нивниот даден живот за нашата Македонија.

“Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани уште тоа утро во иднината.”Овие зборови се испишани на овој споменик да сведочат за овој крвав злочин.Никогаш да не ги заборавиме страдањата на овие 12 младинци, никогаш да не заборавиме дека тие, својот живот го дадоа за ова што сме ние денес. За слободата која денес ја имаме.Слава им. “, истакна Јанчев во својот говор.