Очите на светската јавност на почетокот на месец март оваа година беа вперени кон хрватското тло каде падна летало од непозната насока. Сите претпоставки беа дека станува збор за летало од руско-украинскиот конфликт меѓутоа никогаш јавно хрватските власти не обелоденија кој стои зад овој чин, а имаше само претпоставки за неговото потекло.

Денес, 9 месеци по немилипт настан, министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ потврди дека хрватските власти знаат кој го испалил дронот кој пред девет месеци падна на Загреб.

„Членките на НАТО преку кои дронот прелетал, тој податок го означиле како тајна, а тоа го направи и хрватската Влада“, одговори министето за одбрана на прашање на пратеник.Пратеникот притоа нагласи дека за помалку од 24 часа од падот на ракетите на Полска било познато кој ги испалил и од каде стигнале, а до денеска не се знае точко кој го испалил дронот кој речиси падна во центарот на Загреб.

Баножиќ призна дека во Владата добро знае кој и од каде го пратил дронот, но дека на тој податок е ставена ознака за тајност.