Тој вели по обелоденувањето на информации околу фалсификуваните пасоши пораките дошле од анонимни лица. Но, не ги пријавил, бидејќи не верува дека тоа ќе има ефект..
Мицкоскии останува на тврдењето дека познати нарко босови и криминалци не би можеле да дојдат до лажен идентитет и пасош без знаење на врвот на власта.
По повиците од владејчката СДСМ, да се отвори постапка против него тврдејќи дека се обидел да ја саботира полициска акција, Мицкоски вели е подготвен да одговори на сите прашања кои што надлежните органи би ги имале поврзани со криминалот со фалсификуваните пасоши.
Инаку, Мицкоски, по денешната средба со раководството на МАСИТ, најави и дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржат законските измени предложени од Владата за регулирање на цените во приватните болници за ковид пациенти. Но, ќе дадат и свои предлози за рефундирање на парите на граѓаните кои поради недостаток на места во државните болници биле принудени да се лекуваат приватно.