ЗАВРШЕН Е НОВИОТ ПАРК НА НАД 3000 м2 ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО РАСАДНИК
Денес заедно со градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска го пуштивме во употреба целосно урбанизираниот нов парк во населеното место Расадник кој беше изведен од страна ЈП Паркови и зеленило, стои во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Тој појасни дека граѓаните на општина Бутел добиле нова зелена површина, нова зелена вегетација, дека е нанесена висококвалитетна почва, формиран тревник со посебен систем за полевање капка по капка, а поставени биле и хидранти и прскалки со што ќе се овозможи континуирано одржување на паркот.

– Она што до пред само некој месец беше запуштено место, денес е нова урбано уредена површина. Наскоро и фудбалското игралиште ќе биде пуштено во употреба кое ќе биде со специјална подлога за фудбал. Со тоа целиот овој потег ќе добие сосема нов лик, додава Костовски во својата објава.