Костовски укажа дека граѓаните на општина Бутел се убедени дека тој станал градоначалник да ја менува општината на подобро и заради тоа даваат поддршка.

-Колку што се сеќавам во периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ поврзано со покрупни проекти имаше често поддршка и од страна на опозицијата. Јас секако го земам примерот и со општина Бутел, мислам дека советниците од сите политички партии веќе се убедени дека станав градоначалник за да пробам да ја менувам општината на подобро и тие тоа го чувствуваат и токму заради тоа даваат поддршка, рече Костовски.

Тој во своето гостување потенцираше дека голем број од проектите кои ги ветил се или започнати или веќе завршени.

-Има неколку проекти кои ги ветив и сакам да почнат да се градат како што е градење на нова поликлиника во Бутел, затоа што другите капитални проекти се или започнати, а некои и се завршени. Но еве народски кажано сакам да си ја довршам работат која што сум ветил, кажа тој.

На крај Костовски се осврна и на изборите каде порача дека во Бутел ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови.

-Во врска со парламентарните изборите со сигурност можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со над 5.000 гласови во Бутел, додаде тој.