Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека Ковид му дал шанса на светот да се подготви за идните пандемии, особено оние кои би доведоа до голема дестабилизација на општеството.
Официјалната бројка на смртни случаи од последиците на корона вирусот во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека има многу повеќе.
Светската здравствена организација проценува дека во 2020 и 2021 година имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид.
Гејтс предупреди дека не треба да се смета на среќа за време на следната пандемија.
Ако се појави друг вирус со слична вирулентност, но со многу поголема стапка на смртност, како пет проценти, тоа би можело да биде крај на човештвото. Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 проценти, рече тој.
Гејтс додаде дека најмалку околу милијарда долари ширум светот треба да се издвојат само како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.
Основачот на Мајкрософт ги повика светските лидери да формираат глобален тим од околу 3.000 експерти за заразни болести.
Гејтс верува дека следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19, пренесуваат светските агенции.