Продолжува штрајкот во јавниот сектор за денеска е најавен протест на ССМ пред Министерството за финансии.
Сојузот на синдикати на Македонија барајќи линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор.
Вчера ССМ организираше протестен собир пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк.
Штрајкот ќе се одвива секој ден од 10 до 11 часот, така што вработените во јавниот сектор во тој период ќе го прекинат работниот процес и ќе излезат надвор, а само десет проценти од нив ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи.
Од владата велат дека треба да се зголемат платите, но велат дека мора да се најде одржливо решение, а не проблемите да се решаваат со моментални решенија.