– Прекршил правила во хиерархија – многу е тоа дискутабилно. Човек којшто ја почитува здравата логика и кој вели – не можам да вработам луѓе коишто не се квалификувани, добива отказ затоа што не почитува наредби. Судирот меѓу обврската да ја почитуваш хиерархијата и обврската да ги лседиш законите е многу специфичен. Човекот е 100 отсто во право, не можеш да примиш луѓе коишто не знаат да го работат тоа. Што ќе ти се таму? Подобро да си седат дома, тоа е мојата логика. 15 години ги товат таму за ништо, нека си останат и понатаму дома. Објаснувањето на ПР-от на власта беше – а што сакате, уште 15 години да дремат дома, ваму барем нешто ќе работат, посочи Милосављевиќ.
Тој даде пример на гостин во неговата емисија „Заспиј ако можеш“, да бидат вработени во Мамас да пакуваат ајвар.
– Не може да ги ставите да работат нешто специфично, за коешто е потребно знаење и квалификации само затоа што биле рамковни и сега ајде ќе ги вработуваме било каде. Тоа покажува две работи. Прво дека, ДУИ владее со државата, а не СДСМ. А, второ дека е дојден момент кога веќе само со сила ќе се спаси оваа власт, што е пат кон пропаст, смета Милосављевиќ.