Фудбалскиот свет викендов во недела го очекува големото финале на Светското првенство, а пред него е најавена голема инвазија на аргентински навивачи. Во Катар се очеквуа бројка од над 50.000 фанови.
Меси в недела ќе има шанса да стигне до единствениот трофеј кој му недостасува во неговата богата колекција.
Ниту еден Аргентинец кој може да си дозволи веројатно нема да пропушти да биде во Катар, без разлика дали ќе успее да дојде до влезница.
Најавите на медиумите и новинарите од Аргентина се дека за неделното финале ќе пристигнат околу 50.000 навивачи.