Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 5 до 9 степени, а дневните до максимални 19 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурите ќе достигнат максимални 15 степени.

Променливо облачно со локални врнежи од дожд ќе има утре. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.

Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од недела следува период на стабилно време со умерен до засилен северен ветер и опаѓање на температурите.