Селекторот Кире Лазаров вели дека треба да промениме многу работи за Македонија да почне да победува и да го остварува потенцијалот, тој е разочаран од изданието на неговите избраници во првите два меча од Светското првенство.
Македонија загуби и од Холандија со десет голови разлика, разочарувањето во селекцијата е големо кај сите. Селекторот Лазаров не е задоволен и вели дека имаме уште многу да учиме.
„Холандија заслужи да победи. Не сум задоволен воопшто. Дојдовме тука да победиме еднаш, имаме уште една можност за тоа, но јас не сум задоволен од овие два меча. За првпат дојдовме со млада селкција, без ѕвезди, ние ја менуваме генерацијата. Сега ќе направиме сѐ за да се мобилизираме и да се обидеме да победиме со Аргентина. Треба многу да се разговара со играчите. Видовме денеска до каде сме. Тоа е ситуацијата. Сега да се одмориме и да се обидеме преку Аргентина да одиме во втората фаза“, вели Кире Лазаров.
„Дојдовме да учиме. Денеска научивме многу. Холандија е подобра, но не за десет гола. Треба да играме колективна игра, а не како вечерва. Ни се случи истото со Норвешка. Не покажавме карактер во двата меча. Треба да смениме многу за да бидеме подобри. Младите играчи се добри, но се првпат без искусни играчи покрај нив“.
Извор: МКД.мк