Коруптивен скандал ја тресе украинската влада. Оставки од функциите утринава си пондесоа Заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, заменик-шефот на претседателската администрација Кирило Тимошенко и заменик-јавниот обвинител Олексеј Симоненко.
Извештаите за корупција на високите владини функции во Украина се појавија во текот на викендот. Тројцата функционери биле вмешани околу незаконските плаќања и пренапумпани воени договори.
Според истрагата на украинскиот весник ZN.UA Министерството за одбрана потпишувало договори за снабдување со храна на војниците на фронтот по „два до три“ пати повеќе од редовната цена. Договорот за кој станува збор изнесува 320 милиони евра за 2023 година.
Украинското Министерство за одбрана ги отфрли наводите како лажни, тврдејќи дека извештаите се „намерна манипулација“. Предупреди дека ќе отвори истрага за „ширење“ на „лажни“ информации, кои „ги наштетуваат интересите на одбраната во посебен период“.
Во меѓувреме, антикорупциската полиција го уапси заменик-министерот за инфраструктура под сомнение дека добил земал 367.000 евра за увозот на агрегати во септември минатата година, тврдење што министерот го негира.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека по скандалот се вршат кадровски промени на високи и пониски нивоа.
Сепак, тоа може да го намали западниот ентузијазам за владата во Киев, која има долга историја на несигурно владеење.
Скандалите, кои предизвикаа шокови низ Украина, доаѓаат додека европските земји се расправаат околу давање на Киев тенкови Леопард 2 од германско производство – најновите тенкови на армиите низ Европа.