Во соопштението на Twitter е наведено дека агентите пукале во него и го раниле.
-ФБИ го истражува пукањето во кое беше вмешан агент и кое се случи во понеделникот на 3 мај околу 18:00 часот по локално време. Лицето вмешано во инцидентот пред главниот штаб на ЦИА излезе од автомобилот со оружје и почна пресметка со службениците за спроведување на законот, се истакнува во соопштението.
Според наводите на вашингтонското одделение на ФБИ, еден од агентите го ранил напаѓачот кој потоа бил хоспитализиран.
Од ФБИ наведуваат дека агенцијата сериозно ги сфаќа сите инциденти во кое се вмешани агенти, па и овој инцидент детално ќе биде истражен на најефикасен можен начин.
ЦИА претходно соопшти дека обезбедувањето на главниот штаб спречило непознато лице со автомобил да ја мине главна та капија.
Според NBC, припадниците на ЦИА се обиделе да преговараат со напаѓачот, но тој одбил да го напушти комплексот, по што службениците се обиделе физички да го отстранат автомобилот од капијата. Возачот тогаш излегол од автомобилот, држејќи огнено оружје и тврдејќи дека кај себе има експлозив.