МВР работи со полн капацитет и активно се сузбиваат сите разбојници. Таков е преимерот со вчерашната кражба во скопски Нептун каде имаше разбојништво, а министерот ги соопшти деталите. Во денешната прес-конференција Тошковски вели разбојниците од Нептун одзеле околу 10.000 евра.
-Одзеле негде околу 10.000 евра парична сума на средства и таа парична сума на средства пробале да ја изнесат од деловниот објект. Од страна на МВР, СВР и единицата за интервентна полиција веднаш е реагирано. Лицата се лишени од слобода на лице место, вели Тошковски.
Изјавата на министерот Тошковски и брзата реакција на полицијата вчера ја објавивме на нашиот медиум.
Вчеравечер се случувало вистинска драма кога при обид за кражба во продавницата „Нептун“ кај Градскиот стадион „Тоше Проески“ две лица пробале да одземат финансиски средства на маркетот. Маскирани лица испукале неколку куршуми и побарале дневен промет, но полицијата реагирала брзо, приведувајќи двајца осомничени.