Според здравствените протоколи што ги усвои земјата, објавени на веб страницата на грчкото министерствио за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска унија.
Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астразенека“, „Новавакс“, „Џонсон И Џонсон“, „Синовак“, „Кансино Бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Гамалеја“ (Спутник).
Грција нагласува дека вакцинирањето не е задолжителен услов за влез во земјата, туку доволен ќе биде и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, односно доказ за прележан ковид-19.